Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ја обезбеди поддршката во Парламентот за формирање нова влада, објавуваат медиумите во Израел.
Десничарските партии, Ликуд и Обединетата десница го информирале израелскиот претседател Реувен Ривлин околу тоа дена нивна препорака е Нетанјаху да го формира кабинетот.
Во понеделникот Сино-белата коалиција, најголемиот противник на партијата Ликуд на Нетанјаху, го предложи својот претседател Бени Гантц за мандатар.
Гантц беше предложен и од Лабуристичката партија.
Арапските членови на парламентот се воздржаа од поддршка на било која партија која влегува во Кнесетот.
Претседателот на Израел Ривлин, во понеделникот ги започна консултациите со партиите кои освоија места во Кнесетот како би предложиле мандатар за формирање нова влада.
На изборите одржани на 9. април Ликуд освои 36 места во Парламентот, кој има 120 пратеници.
Comments are closed for this post.