Преку донации на големи фирми и богаташи досега се собрани 600 милиони евра за обнова на катедралата Нотр Дам во Париз која страдеше во стравичен пожар.

Меѓу најголемите донатори е семејството Бетанкур, наследниците на козметичката компанија „Лореал“ која даде 200 милиони евра, потоа фамилијата Арно, потоа нафтената компанија „Тотал“. Големи донатори се и компанијата Керинг која вети 100 милиони евра.