Портпаролот на Кремљ соопшти денеска дека се уште не е познато каде и кога ќе се состанат рускиот претседател Владимир Путин и севернокорејскиот лидер Ким Џон Ун.

Дмитриј Песков потврди дека подготовките за состанокот се во тек, наведувајќи дека се уште се разработуваат деталите за истиот.

Јужнокорејската новинска агенција „Јонхап“ претходно јави дека лидерот на Северна Кореја, Џон Ун би можел следната недела да ја посети Русија. Повикувајќи се на неименувани извори во Москва, агенцијата наведува дека постојат реални шанси следната недела во Владивосток да биде одржан самит на Русија и Северна Кореја.

Според некои извештаи, датумот на самитот најверојатно ќе биде на 24 април. Друг извор кажал дека Северна Кореја веќе отпочнала со подготовка за состанокот.

Портпаролот на Кремљ, најави уште минатиот месец дека ќе дојде до состанок меѓу Путин и Ким.