Во експлозија на бомба која се случи околу 17 и 30 часот пред пекара во франсускиот град Лион, според првичните проценки, повредени се најмалку 13 лица. Како што пренесува „Паризиен“, ранети се 13 лица, меѓу нив и осумгодишно девојче, а 11 лица кои се здобиле со повреди пренесени се во болница.

Полицијата трага по едно лице за кое се сомнева дека ја остава бомбата на улица. На видео снимка од надзорните камери се гледа како човек на велосипед остава пакет на улицата Виктор Игом во пешачката зона на Лион и заминува.

Засега истрагата покажува дека станува збор рачно направена експлозивна направа со шрафови и клинци, наменета да повреди луѓе, изјави градоначалникот на областа, Дени Броликие.

Министерот за внатрешни работи на Франција, Кристоф Кастанер издаде наредба да се зајакне будноста на сите јавни места. Во моментов не се знаат мотивите, а претседателот Емануел Макрон го нарече само „напад“.

Експлозијата се случи само два дена пред европските избори во Франција.