Шестмина ученици и возачот загинаа вчера во северниот дел на Индија кога училишен автобус излетал од патот и паднал во клисура, соопшти полицијата.
Во инцидентот се повредени 12 ученици кои се префрлени во болница.
Несреќата се случила на планински пат во индиската држава Химачал Прадеш.
Причината за несреќата се уште не е позната.
Во Индија во просек 150 000 луѓе умираат како последица на сообраќајни несреќи секоја година.
Во септември, 55 луѓе загинаа кога автобус со аџии излета од пат на југот од Индија.
Comments are closed for this post.