Полицијата на Хонк Конг уапсила вкупно 420 демонстранти во протестите кои се одржуваат од 9 јуни, обвинувајќи ги за нереди, незаконско собирање, поседување недозволено оружје и напад врз полицијата или попречување на полициски операции, јави агенцијата Асошиејтед прес.
Портпаролката на полицијата Јоланда Ју Хои-Кван пред новинарите рече дека полицијата испукала повеќе од 300 несмртоносни куршуми и околу 1000 солзавец бомби.
Во судирите се повредени 139 полицајци, а двајца и понатаму се во болница заради скршеници.
Хои-Кван рече дека насилството ескалирало, а демонстрантите користеле молотови коктели, а на полицијата фрлале канти ѓубре и туркале контејнери.
Протестите во Хонг Конг траат од почетокот на јуни, а демонстрантите бараат распуштање на законодавните власти, истрага за употребата на полициска сила на протестите и воспоставување на потполна демократија за оваа полу-автономна територија која по британското управување е вратена под управување на Кина.
Comments are closed for this post.