Еден од најпознатите француски хирурзи, Монсеф Даман, во ексклузивна исповед за британскиот весник „Дејли мејл“ проговори за смртта на принцезата Дијана, која се случи како последица на сообраќајна несреќа во парискиот тунел во 1997 година.

Иако принцезата веднаш била пренесена во болница, а лекарите со часови се бореле за нејзиниот живот, таа сепак не успеала да преживее.

Даман реши да проговори за тоа и да ги открие деталите од кобната ноќ. Овој човек во тоа време бил многу млад и покрај се, дал се за да го спаси животот на славната Лејди Ди
Кога колегите го известиле дека имаат итен случај, тој паузирал од дежурството, но веднаш станал и дошол да помогне. Отпрвин не знаеле за кого се работи, а потоа истакнал дека неговата колешка останала во шок кога сфатила дека се работи за принцезата Дијана.

Хирургот опишува што се случило кога славната Лејди Ди пристигнала во болница.

– Принцезата веднаш била испратена на рендген,  беше констатирано дека има внатрешно крварење. Во тој момент, бидејќи сè уште не ја немавме утврдено нејзината крвна група, таа добила единица нулта крвна група. Некаде околу два часот по полноќ доживеала втор срцев удар, па неопходна била итна операција, имала тешко оштетување на срцевото ткиво – објасни  хирургот.,

По безброј обиди да ја вратат во живот принцезата Дијана, тие посегнале по познат лекарски метод.

Пробавме рачна масажа на срцето, дефибрилатор, и дадовме адреналин. Но ништо. Уште еден час се боревме за нејзиниот живот, но на крајот ја загубивме. Ние сме една од најдобрите болници во Франција и горди сме што успеавме да спасиме многу луѓе, но едноставно не можевме – објасни Монсеф Даман.

Познатиот доктор изјавил дека покрај страшните сцени имало и бизарни.

Многумина од новинарите  се маскирале во лекари и медицински персонал за да добијат изјави и да фотографираат детали од болницата. Сепак, покрај сите бизарни случки со новинарите, една особено му остана врежана во сеќавањето.

– Најбизарната ситуација што ми се случи беше кога еден маж ме замоли да му продадам кломпи на кои сè уште беше крвта на покојната Дијана. Тој човек ми пријде додека бев во болница и ми рече – Сакам да ти ги купам кломпите. Имаат сина крв на нив. Фасцинантно е до каде луѓето се подготвени да одат – објасни Даман и додаде дека кломпите не ги продавал ниту ги подарил, туку само ги исчистил.