По британскиот и јужноафриканскиот вид, и бразилскиот вид на коронавирусот најверојатно се појавил на австриското тло.

Во покраината Салцбург, во моментов детално се анализира еден примерок кај кој постои сомнеж за бразилскиот вид. Видот под името „Б.1.1.28“ најпрво беше откриен во декември во Бразил, а потоа и во група патници кои патуваа од Бразил во Јапонија.

Првичните студии покажуваат дека овој вид е далеку поинфективен од другите. Бразилскиот вид веќе е откриен во неколку европски земји како Италија и Германија. Тековните податоци на надлежните органи на Австрија покажуваат дека британскиот вид стана доминантен во ширењето на инфекцијата во источниот дел на земјата, а јужноафриканскиот вид е активен во Тирол, кој веќе беше детектиран во 36 отсто од сите позитивни примероци.