На едно избирачко место во Украина, каде што се одвиваат претседателски избори, непознато лице фрлило молотов коктел Инцидентот се случил во градот Борзна во регионот Чернигов, а во него немало повредени, ниту посериозно се нарушил изборниот процес.

Во 10.50 часот непознат човек фрлил запаллива бомба на едно од избирачките места во гардот Борзна. Пожарот бил веднаш изгаснат и гласањето не било прекинато“ се соопштува на твитер профилот на украинското министерство за внатрешни работи.


Од украинската изборна комисија, на нивната интернет страница, соопштија дека до 11 часот на гласање излегле 16 отсто од украинските гласачи. Најголем одзив на гласачите имало во централниот регион Кировоград (21,62%), а најмала излезност во Закарпатската област на југозападот на земјата (7,95%).