Американската студентка, Саманта Џозефсон влегла во непознат автомобил, мислејќи дека тоа е Убер возилото што го повикала, по што и се загубила секаква трага. По 24 часа потрага за, 21-годишната девојка е пронајдена мртва. Информацијата за смртта на девојката ја потврдија и од нејзиното семејство и од Универзитетот во Јужна Каролина, каде што таа студирала .

Саманта последен пат била видена во петокот околу два по полноќ кога си заминувала дома по излегувањето со пријатели во локален бар. Влегла во црн автомобил, за кој таа и нејзините пријатели мислеле дека е Убер што пред тоа го порачала. Сепак, автомобилот што го повикала преку Убер дошол неколку минути подоцна, а возачот го откажал возењето затоа што девојката не се појавила.

Кога пријателите и семејството не можеле да контактираат со Саманта наредниот ден, била покрената потрага по неа.

Надзорните камери од околината на барот ја снимиле Саманта како влегува во црниот автомобил, а полицијата ги обајвила снимките во надеж дека граѓаните ќе дадат инфорамции за возилото.

Од компанијата Убер испратија совет до граѓаните задолжително пред да влезат во некој автомобил да проверат дали податоците на возачот или возилото се поклопуваат со податоците од апликацијата, со оглед на тоа што во апликацијата пишува за кој модел на автомобил се работи, а наведени се и податоци и слика на возачот, како и регистарскиот број на автомобилот.