Кина во јануари ќе прими тим на меѓународни експерти за испитување на болеста ковид-19, соопшти денеска Светската здравствена организација (СЗО), која ја предводи мисијата.
Кина претходно остро се спротивставуваше на меѓународната истрага за потеклото на вирусот, тврдејќи дека ваквиот став е антикинески, но е отворенa за истрага предводена од СЗО.
Засега е нејасно дали истражувачите ќе патуваат во Вухан, градот каде што првпат беше откриен вирусот и за тоа сè уште се дискутира.
СЗО сè уште е во контакт со Кина за да разговара кои места ќе ги посети меѓународниот тим, рече на прес-конференција Бабатунде Оловокуре, шеф на регионалната канцеларија на СЗО за Западен Пацифик.
Кинеските државни медиуми сугерираат дека вирусот постоел во странство пред да биде откриен во Вухан и укажуваат на неговото присуство на увезените пакувања замрзната храна. Дополнително тие упатуваат и на научните документи во кои се наведува дека вирусот циркулирал во Европа минатата година.
Comments are closed for this post.