Џо Бајден  идната недела јавно ќе ја прими првата доза на новата вакцина против коронавирус. 78-годишниот политичар поради својата старост припаѓа на групата со повисок здравствен ризик. Актуелниот американски потпретседател Мајк Пенс утре ќе биде исто така вакциниран пред очите на јавноста,  соопшти Белата куќа.