Лидерите на Европската унија ќе разговараат за тоа како да обезбедат повеќе вакцини да се прават на европско тло, бидејќи проблемите со снабдувањето во Унијата повеќе се поврзани со недостиг на производни капацитети отколку со недоволно нарачување, изјави денеска германската канцеларка Ангела Меркел.
Британските производствени локации ја снабдуваат Велика Британија, а САД не извезуваат, па затоа се потпираме на она што можеме да го направиме во Европа, рече канцеларката пред Парламентот во пресрет на самитот на лидерите на ЕУ закажан за денеска.
Comments are closed for this post.