Германската кнацеларка, Ангела Меркел, донела одлука да го смени шефот на Разузнувачката служба затоа што се мешал во дневната политика, пишува германскиот весник „Ди Велт“. Според весникот, Ханс-Георг Масен се најде на удар затоа што изразил сомневање во автентичноста на снимката на која се гледа како припадници на радикалната десница прогонуваат мигранти, откако еден германски граѓанин беше убиен во источногерманскиот град Чемниц.

Тврдењата на Масен се во спротивност со изјавите на Владата за немилата случка, а самата Меркел првично ги игнорираше неговите јавни настапи, но реагираше откако на тоа инсистираа нејзините коалициски партнери, кои бараат оставка.

Изјавите на Масен ги искористи челникот на радикалните десничари, Александер Гауланд, кој потоа ја обвини Меркел за ширење лажни вести.

Како што анализира „Ди Велт“, претстојната расправа за судбината на Масан дополнително ќе ја потресе и така нестабилната влада иако Меркел демантираше дека владата ќе се распадне поради прашањето дали шефот на разузнувачката служба ќе ја задржи својата позиција.

Портпаролот на германската влада, одбил да коментира околу случајот.