Здравствените власти на Јужна Африка соопштија дека шест новороденчиња починале од инфекција со бактеријата Клебсиела.

Истовремено, поради големиот број на заразени со оваа бактерија, којашто е отпорна на вообичаената терапија со антибиотици, затворени се неколку болници, а најавено е затворање и на неколку породилишта. По затворањето на болниците, сите заразени биле префрлени на лечење во други здравствени установи.

Министерот за здравство на Јужна Африка, Арон Мотосоаледи, изјави дека заразата избила поради преголемиот број пациенти во болниците, што оневозможува спроведување на неопходните мерки на превенција. Според податоците на министерството, во породилиштата и на одделенијата за неонаталогија, пополнети се 132 отсто од капацитетите на установите.

Иако нормално е присутна во некои органи, бактеријата Клебсиела пнеумониае, е опасна доколку имуниот систем на пациентот е значително ослабен.