Денес Маунт Еверест зеде уште еден живот, со што билансот на жртви во сезоната на искачување на највисокиот врв на земјата достигна десет.

Последната жртва е еден алпинист од Велика Британија. Се смеат дека невообичано високиот број на загинати се должи на се поголемиот број алпинисти кои го искалуваат највоискиот хималајски врв.

Лани починале пет лица.

Британецот се искачил на 8848 метри високиот врв рано утринава, но му се слошило на симнување. Според организаторите на експедицијата тој починал на 150 метри под врвот.

Претходно, вчера загина алпинист од Ирска на страната од Тибет, исто така накусо по искачувањето на врвот.

Други алпинисти кои годинава настрадаа се од САД, Индија, Непал и од Австрија.

Властите во Непал се цел на критики затоа што издале дозволи на 381 алпинист да се искачат на Маунт Еверест оваа пролет. Во мај условите за искачување биле добри за алпоиунистите. Но, ако се види фотографијата снимена пред една недела, се забележува долг редица алпинисти како се искачуваат кон една цел – највискиот врв. Тие дури мораа да чекаат за првите во редот да се искачат, што секако во многу влијае врз психофизичката состојба на алпинистите, на закана од замрзнување, на нивните резерви и ред други работи поврзани и со логистија

Инаку, една дозвола за искачување непалските власти ја наплаќаат 9.000 евра и сега сето ова добива многу лош впечаток на опасен бизнис.