На европските избори во Франција се очекува победа на крајната десничарска партија на Марин ле Пен. Националното движење (поранешниот Национален фронт) води со 22 проценти пред партијата на претседателот Емануел Макрон, РЕМ, покажа анкетата на Ипсос.

Европските избори ќе се одржат на 26 мај.

Анкетата е спроведена на 2 и на 3 мај врз 1.500 гласачи, откако претходно Макрон ги објави предлозите за намалување на даноците за 5 милијарди евра со цел да ги задоволи барањата на бранот антивладини протести предводени од „Жолтите елеци“.

Ова е прв пат Ле Пен да води во анкета на Ипсос пред Макрон, чија партија заостанува со 21,5 проценти. Во априлската анкета РЕМ водеше со 23 проценти пред 22 на Националното движење.