Локалните власти во италијанскиот кантон Тичино, Швајцарија, продаваат домови за само еден франк, што е нешто помалку од едно евро. Тоа е симболична цена за имот чија главна цел е да привлечат ново население во  село Монти ди Скига во близина на италијанската граница.

Според Бука, има девет руинирани камени куќи по име Рустика, кои купувачите се должни да ги реновираат по склучувањето на договорот според сите прописи таму. Куќите се наоѓаат во идиличен амбиент со поглед на езерото Маџоре и имаат водовод на располагање, што го олеснува реконструирањето.