Еден бик повреди шестмина тореадори, од кои еден заврши во болница за време на корида во Португалија. Шокантни видео видео снимки го покажува бикот како ги фрла тореадорите насекаде како партали, се додека присутните не успеваат некако да го смират и да го изнесат тешко поврдениот надвор од арената.

Локалните медиуми јавуваат дека тореадорот Фабио Франциско бил пренесен во болница во бессознание, но подоцна се опоравил од инцидентот.

За разлика од борбите со бикови во Шпанија, во Португалија главната борба со биковите се изведува со тореадори што јаваат на коњи. Тие на животното му забиваат копја в грб се додека тоа не се замори.

Инцидентот прикажан на снимката се случил во завршниот дел од борбата, кога осум невооружени тореадори го провоцираат бикот да ги нападне, по што едниот, што носи зелена капа, скока на главата на бикот, а другите го опкружуваат со надеж дека ќе успеат да го соборат.

Во традиционалната португалска корида, бикот не умира во арената. По борбата тој или се носи во кланица или се негува до целосно оздравување по што се користи за расплод.