Огромен пристаништен кран падна врз група работници кога брод со контејнери удри во него. Првично нема информации за евцентуални жртви или повредени иако е причинета значителна материјална штета.

Инцидентот се случи во пристаништето Семранг на Јава кога големиот брод со контејнери го урна кранот при впловувањето во пристаништето. На видео објавено од британски „Мирор“, се гледа како капетанот на натоварениот брод греши во маневрот по што удира во еден од носачите на кранот.

По тој удар, големиот кран се руши врз работниците и камионите што чекаат за истовар на стоката.