Во сегашниот  претседател на Франција Емануел Макрон била заљубена неговата соученичка Лурон Озиер. И тоа не би било ништо чудно ако не се знае дека наместо ќерката, Емануел го фатила мајката, односно сегашната прва дама, Брижит.

Брижит му предавала на Макрон во средно училиште и биле очиледни емоциите со тогаш 16-годишниот Емануел.

Биле опседнати еден со друг, а Емануел почнал да доаѓа во домот на Лурон, но не по неа туку по мајката Брижит. Кога сопругот на Брижит видел што се случува веднаш се иселил од домот, а тие продолжиле да се гледаат.

Кога работата станала сериозна, мајката на Емануел барала од Брижит да се тргне од нејзиниот син барем додека не наполни 18 години, но Брижит и одговорила дека тоа не може да го вети и продолжила да биде со него.

Кога во 2006 година Брижит конечно се развела од сопругот ја фатило паника и се поверила на нејзината пријателка.

Емануел ме запроси, што да правам, знаеш ли колку има години, а колку јас. Што ако сака да имаме дете – се прашувала Брижит.