Локалните власти соопштуваат дека до експлозија на гасоводот, во градот Тлахуерилпан, дошло откако десетина луѓе ја пробиле цевката за да украдат гориво.

Пожарот се уште не е изгаснат а местото е се уште блокирано. Се работи на гаснење на огнот, но и идентифукување и пронаоѓање на нови жртви чии број се искачи на 66 лица.

Податоците кои ги имаме се дека 66 луѓе загинаа, а 76 се повредени, изјави гувернерот на мексиканската држава Идалго Омар Фајад.

Властите на Мексико Сити испратија четири хеликоптери во сојузната држава Идалго за да им помогнат на повредените во инцидентот.