Најдобар начин на кој САД ќе и покажат на Русија како да си замине од Венецуела е тоа да го демонстрираат со сопствен пример, оцени претседателот на Комитетот за надворешни работи на горниот дом на рускиот Парламент, Советот на Федерацијата, Константин Косачев.

Логичен одговор на повикот на Вашингтон до Русија да се повлече од некое место е да го покаже со личен пример како се прави тоа. Листата на земји надвор од Западната Хемисфера каде што Америка навистина нема што да бара, би заземала премногу место – објави Косачев на Фејсбук.

Заявление Дональда Трампа, что Россия, мол, должна «уйти» из Венесуэлы – несомненно, симптом раздражения Белого дома…

Posted by Константин Косачев on Wednesday, March 27, 2019

Во изјава за телевизијата „Русија 24“, пак, Косачев нагласи дека со барањето на Вашингтон за повлекување на руските војници во Венецуела, американскиот претседател Доналд Трамп се обидува „дрско да се меша“ во односите меѓу две суверени земји.

Како што претходно објави Москва, руските војници и опрема се стационирале во Венецуела согласно Воено-техничкиот договор потпишан помеѓу Владите на двете земји.

Трамп побара руските војници да се повлечат од Венецуела.

Русија мора да замине – изјави Трамп на средба со Фабијана Розалез, сопруга на самопрогласениот привремен претседател на Венецуела, Хуан Гуаидо.

Според Трамп, Вашингтон ги разгледува сите опции за повлекување на руските војници.