Кинески здравствени власти и членови на Комисијата за етика започна истрага , откако кинески лекар на YouTube каналот објави дека за прв пат во историјата успеал  да “создаде генетски модифицирани бебиња.

Во истражувањето кое  е  нелегално  во повеќето земји на светот, професорот Хе Јианкуи и неговите колеги тврдат дека  извршиле  промени во гените на ембриони  на седум парови кои биле  подложени на вештачко оплодување.

Во меѓувреме, од Универзитетот за наука и технологија во Шенжен  изјавија  дека немале  сознанија за овој експеримент и дека професорот е  на неплатено отсуство од февруари. Кинеските здравствени власти изразија “голема загриженост” и наредија  веднаш да се испита и разјасни целиот случај.

“Мораме да бидеме одговорни за човековото здравје и ќе постапуваме во согласност со законот”, рече Националната здравствена комисија.

Резултат од  напорите на професорот  и неговиот тим е здрава бременост и раѓање. Овој месец биле родени  женски близнаци кои се природно отпорни на ХИВ.  Таткото имал болест, а мајката не. Докторот изјавил  дека неговата крајна цел е да ги смени гените на бебињата на начин што ќе ги заштити од идната инфекција со ХИВ.

Хе кој  е образован во престижниот американски Стенфорд објаснува  дека генот на ембрионот е модифициран за да стане отпорен на ХИВ инфекција. Тој изјав  дека “го елиминирал генот под  назив CCR5 за да ги направи девојчињата отпорни на ХИВ ако некогаш дојдоа во контакт со вирусот.