Судот во Крим донесе одлука за задржување во притвор на 12 украински морнари, вклучувајќи го и капетанот, поради нарушување на руската граница, а во врска со инцидентот.

Судот во Симферопол соопшти дека морнарите ќе мора да останат во притвор до 25 јануари следната година, јавуваат агенциите. Меѓу 12-те морнари е и капетанот на оклопниот брод „Бердијанск“.

Судиите одлучиле морнарите да останат во притвор еден месец и 29 дена, односно до 25 јануари 2019 година.

Претходно судот на Крим одреди притвор од два месеци на првиот од 24 приведени украински морнари, јавуваат агенциите.