Кина претставува сериозна контраразузнавачка закана за САД од која било друга земја, вклучувајќи ја и Русија, смета директорот на ФБИ, Кристофер Вреј.

Тој денеска пред Комитетот за правосудство во Сенатот изјави дека ФБИ има повеќе од 1.000 истражители кои ја испитуваат економската шпионажа од обидите да се краде интелектуална сопственост. Тој, исто така, рече дека речиси сè укажува на Кина.

Кристофер Вреј, директор на ФБИ, пред обраќањето пред Сенатот

Вреј се појави во Капитол хил еден ден пред сведочењето на поранешниот специјален советник Роберт Милер за извештајот за Русија.

Службениците за национална безбедност од Министерството за правда открија неколку случаи на економска шпионажа, во која, како што тврдат, Кина учествувала минатата година.