Кибер нападите со уценувачки вируси се во голем пораст, се наведува во годишниот извештај на Европол. Во тие кибар напади хакерите блокираат податоци и документи на корисници, по што жртвата ја уценуваат за пари, за да и го вратат пристапот до нив.

Особено распространети се злонамерни софтвери како „УонаКрај“ и „НотПетја“ кои во 2017 година заразија стотици илјади компјутери во светот и предизвикаа сериозни економски штети.

Како што се наведува во извештајот на Европол, загрижувачки е и што освен кибер нападите кои ги извршуваат криминалци за да изнудат пари, кибер нападите во светски рамки се почесто се дело на националните држави, наместо на поединци.