Францускиот министер за внатрешни работи, Жерар Колом, кој е еден од најблиските соработници на претседателот Емануел Макрон, најави дека ќе се кандидира за градоначалник на Лион во 2020 година.

Со таа изјава Колом става дополнителен притисок врз владата на Макрон која минува низ период на нестабилност. Најновата изјава на Колом следува по неочекуваните оставки на министерот за животна средина, Никола Уло и министерката за млади и спорт, Лаура Флесел.

Колом најави дека може да се повлече од сегашната функција во средината на следната година.