Во изјавата издадена од Саудиската управа за интелектуална сопственост (САИП) на 23
јуни 2020 година, Саудиска Арабија упатува бројни лажни тврдења за наодите на
извештајот на Светската трговска организација (СТО) во врска со спорот Саудиска
Арабија – Мерки во врска со Заштита на правата од интелектуална сопственост (DS56( .
Овие погрешни тврдења се за жал дел од организиран обид на Саудиска Арабија да
шири дезинформации и да ја сокрие вистината за наодите на Панелот на СТО.
Саудиска Арабија се врати на тактиките на негирање и избегнување од одговорност
наместо да преземе неопходни корективни активности за борба против кражбата на
интелектуална сопственост.
За среќа, извештајот, кој вклучува јасна изјава за заклучоците на Панелот на Светската
трговска организација, е јавно достапен за сите: Саудиска Арабија не успеа да ги
заштити правата на интелектуална сопственост и нивните недостатоци мора да се
отстранат.
За да се спротивстави на дезинформацијата објавена од Саудиска Арабија, државата
Катар ги претставува следниве вистински изјави:
Панелот на СТО утврди дека обидот на Саудиска Арабија да се повика на основ на
националната безбедност не го оправдува кршењето на нејзините обврски од
договорот за заштита на интелектуалната сопственост во рамките на Светската трговска
организација СТО. Поточно, Панелот утврди дека „неприменување на кривични
постапки и казни за пресуда ,во овој случај против БиАутКју не ги достигнува ни
минималните услови за веродостојност во однос на изразените безбедносни интереси,
т.е. тие не се оправдани како мерки што ги штитат овие интереси (извештај од (СТО)
Панел, параграф 7.293(.
И покрај можноста за користење на националната безбедност како услов за заштита во
конкретниот случај помеѓу Саудиска Арабија и Катар нема основ за негово користење
како алиби за негирање на повредување на правата за заштита интелектуална
сопственост.
Иако Панелот на СТО утврди дека е присутен еден од предусловите за повикување на
националната безбедносна одбрана од ТРИПС договорот – „вонредна состојба“, која се
однесува на Саудиска Арабија, конкретно на нејзината одлука за прекинување на
односите со Катар и нејзините повторени лажни обвинувања за „тероризам и
екстремизам “.
Comments are closed for this post.