Седум моторџии загинале, а тројца се повредени откако во нив удрил камионет со приколка што возел во спротивен правец по автопат во американската сојузна држава Њу Хемпшир“.

Возачот на камионот, кој ја преживеал сообраќајката е идентификуван како 23-годишниот Володимир Жуковски. Тој работел за една компанија од Спрингфилд, Масачусетс, објави „Си-Ен-Ен“.

Од Полицијата не сакале да соопштат дали камионџијата бил под дејство на алкохол или некој друг опијат. Не бил соопштен ниту идентитетот на загинатите, како што појасниле од полицијата, за претходно да биле известени нивните семејства.

Објавено е само дека меѓу загинатите имало членови на моторџискиот клуб „Марин Џархедс“, во кој членуваат маринци и нивните сопруги.

Не знам дали некогаш сум видел ваква страшна несреќа со толку изгубени животи – изјавил полициксиот капетан, Крис Ветер.