Група јужноамерикански лидери потпишаа декларација за формирање блок за кој велат дека е отворен за сите држави, независно од идеологијата, а целта е решавање на регионалните проблеми.

Претседателите на Аргентина, Бразил, Колумбија, Чиле, Еквадор, Парагвај и Перу се собраа на самит во Сантиаго, престолнината на Чиле.

Оваа држава заедно со Колумбија се предводници на новата иницијатива „Просур“, по критиките дека претходниот сојуз со име „Унасур“ не успеал да делува на со криза погодената Венецуела.

Ова ќе биде форум со цврста и јасна посветеност кон демократијата, слободата и почитувањето на човековите права“, кажа претседателот Себастиан Пинера по церемонијата на потпишување.

Претседателот на Венецуела, Николас Мадуро, не беше поканет на средбата на челниците во Сантиаго.

Некои од претседателите заради тоа ги критикуваа организаторите.

Наместо Мадуро поканет беше лидерот на опозицијата Хуан Гваидо кој многу држави го признаа откако во декември се прогласи себе си за привремен претседател на Венецуела.

Гваидо не испрати свој претставник на самитот, а на него не присуствуваа ниту боливискиот претседател Ево Моралес, близок сојузник на Мадуро, како и уругвајскиот претседател, Табаре Васкез.


„Унасур“ е формиран во 2008 година кога Јужна Америка се сврте кон левицата, предводена од претходникот на Мадуро и политички татко Уго Чавез.

Но, изминатите години тој блок беше парализиран од поделби, откако во делови од континентот пристапија влади од десниот центар.