Претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер денеска изјави дека очекува да се постигне договор со Лондон околу истапувањето на Велика Британија од ЕУ.

Продолжувањето на преодниот период ќе отвори простор за подготвување на идните односи на најдобар начин, изјави Јункер.

Претходно, британската премиера Тереза Меј побара овој период да биде околу две години, со што се согласија земјите членки.

Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск рече дека сака преговорите меѓу Брисел и Лондон да продолжат во позитивен дух.

Според него, „кога и ако“ се постигне напредок во преговорите, тој ќе свика вонреден состанок на шефовите на држави на земјите од ЕУ.

Чувствувам дека денеска сме поблиску до решение и договор, а чувствата, дури и во политиката, имаат значење, рече Туск.

Тој додаде дека синоќа Европскиот совет не го разгледал прашањето за продолжување на рокот од повлекувањето на Велика Британија до влегувањето на сила на подготвениот договор со ЕУ.