Говорејќи пред јапонскиот парламент, Премиерот Шинзо Абе рече дека односите со Русија моментално се во „абнормална состојба“, како и дека двете држави немаат потпишано мировен договор повеќе од 70 години.

Врз основа на односите на доверба со рускиот претседател Владимир Путин, ќе го решиме територијалнот проблем и ќе потпишеме мировниот договор. Ќе отпочнеме нова ера во билатералните односи, рече Абе.

Уште од средината на 20 век Москва и Токио преговараат околу мировниот договор кој би се засновал на резултатите од Втората светска војна, но за негово потпишување копјата се кршат заради проблемот со суверенитетот на Курилските острови. Цел архипелаг во 1945 година се приклучи кон Советскиот Сојуз, меѓутоа јапонската страна го оспорува суверенитетот на Итуруп, Кунашир, Шикотан и групата на острови Хабомај.

Министерството за надворешни работи на Русија постојано го повторува ставот дека суверенитетот над тие острови е потврден со меѓународни документи и е неоспорлив.