Италијанскиот премиер Џузепе Конте упати ултиматум до Лигата на вицепремиерот Матео Салвини и на Движењето пет ѕвезди на Луиџи ди Мајо, дека доколку не стават крај на меѓусебните несогласувања, тој си поднесува оставка, што би ја одвело Италија во предвремени парламентарни избори.
„Ако не ги преземат јасно одговорностите како што барам, ќе поднесам оставка“, рече Конте.
Лигата и Движењето пет ѕвезди не се согласуваат сега речиси за ниту една од тековните теми – почнувајќи од инфраструктурата и имиграцијата до прашањето за историското значење на државните празници.
Нивната нетолеранција беше зајакната по изборите во Европскиот парламент, каде што Лигата освои 34 отсто од гласовите во Италија.
Конте предупреди дека владата ја чека сложениот процес на буџетот за 2020 година наесен и дека на земјата и е потребна довербата на финансиските пазари.
Comments are closed for this post.