Италија буквално ја минираше изјавата на ЕУ дека го признава Хуан Гваидо како преоден претседател на Венецуела доколку актуелниот претседател Николас Мадуро не распише предвремени избори, објави РТ повикувајќи се на извори од Движењет пет ѕвезди.
Италија, како што објави РТ, најавила вето на неформалната средба на министрите за надворешни работи на 31 јануари во Романија, која го презеде претседавањето со Унијата.
Европскиот парламент веќе го призна Гваидо за преоден претседател, тоа најнапред го сторија и САД, но во ЕУ има извесни пукнатини на кохезивната надворешна политика. Грчкиот премиер Алексис Ципрас беше стабен на тапет во британски „Гардијан“ кој го обвини дека „е на страната на хунтата“ затоа што формално не го признал Гваидо.
Comments are closed for this post.