Италијанската влада денеска соопшти дека потпишала указ со кој се скратува рокот од две години на четири месеци за утврдување дали мигрантот може да добие престој во Италија или треба да се врати во неговата земја на потекло.

Ова следува благодарение на договорите постигнати со разни земји на потекло. Шефот на италијанската дипломатија Луиџи ди Мајо денеска на прес-конференција објасни дека договори веќе постојат со Мароко и со Тунис, но тие треба да бидат „зајакнати и ратификувани“.

Десетина земји се на списокот на оние што треба да бидат вклучени во таа уредба, вклучувајќи ги Албанија, Босна, Косово, Македонија, Црна Гора, Србија, Гана и Сенегал.

Таа уредба не крши никакви човекови права. Тоа е прашање на тежината на процедурите во однос на земјите, вклучително во Медитеранот, со кои работиме и тргуваме секој ден, рече Ди Мајо.