Италијанските власти издадоа одредба со која се бара сите барови и ресторани да се затворат до 18 часот, а спортските сали, кината и јавните базени да се затворат целосно, во обид да се сузбие повторното ширење на коронавирусот во земјата, кадешто дневната стапка на инфекција повторно достигнува нови неславни рекорди.

Мерките стапувуваат на сила како резултат на договорот меѓу владата на премиерот Џузепе Конте и регионалните власти. Тие следеа по дводневните протести во Неапол и Рим против полицискиот час што беше воведен минатата недела во голем број италијански региони.