Новинарот на Вашингтон пост, Џамал Кашоги, кој исчезна пред четири дена, убиен е во конзулатот на Саудиска Арабија во Истанбул, тврдат турските власти.
Првичната проценка на турската полиција е дека е убиен во конзулатот на Саудиска Арабија во Истанбул. Сметаме дека убиството било со намера и дека телото подоцна е изнесено од конзулатот, изјавил турски претставник за агенцијата Ројтерс, пренесува Ал Џезаира
Како што се наведува, убиството следело четери дена откако водечкиот критичар на саудискиот режим влегол во Кралскиот конзулат во Истанбул.
Кашоги неколку години живееше во САД, а работата на главен уредник во саудискиот весник „Ел ватан“ ја изгуби во 2003, по што стана жесток критичар на Саудиска Арабија.
Шокантната информација се појави неколку часа откако Турција ја прошири истрагата за исчезнувањето на новинарот дисидент бидејќи Саудиска Арабија не изнела докази дека го напуштил конзулатот.
Турската владејачка партија соопшти дека ќе ги открие деталите околу исчезнувањето на Кашоги, додавајќи дека осетливоста за оваа тема е на највисоко ниво.
Состојбата на изгубениот новинар, деталите за него и кој е одговорен за тоа ќе биде откриен, изјави пред новинарите портпаролот на партијата Омер Челик.
Comments are closed for this post.