Иранскиот претседател Хасан Рохани ја претстави новата подморница од иранско производство наоружена со крстосувачки проектили, јавуваат агенциите.

„Од овој момент подморницата „Фатех“ се придружува под мојата команда на иранските морски сили“, рече Рохани на свеченоста која во живо се пренесуваше на државниот канал на англиски јазик.

Подморницата „Фатех“ (Освојувач) тешка е 600 тони, наведува телевизијата, додавајќи дека е опремена со „врвно наоружување“, вклучтелно торпеда, мини и крстосувачки проектили кои може да бидат лансирани под вода.

„Нашата одбрамбена сила е исклучиво одбранбена… Притисокот на нашиот непријател и санкциите воведени врз Иран го поттикнаа нашиот напредок, порача Рохани од јужниот пристанишен град Бандар Абас.

Иран тврди дека поседува проектии со домет од 2 илјади километри.