Претседателот на Иран, Хасан Рохани рече дека во соработка со Пакистан ќе бидат формирани заеднички единици кои ќе се борат против екстремизмот.
И Исламабад и Техеран наведуваат дека екстремистички групи позиционирани долж границата на двете земји, делуваат од територија на друга земја, повремено изведувајќи прекугранични напади.
До договорот дошло откако Пакистан во саботата соопшти дека, во неделата претходно, група на екстремисти ја преминале границата и ја нападнале пакистанската војска во провинцијата Балуџистан, убивајќи 14 војници.
Рохани објави дека за време на вчерашниот состанок со пакистанскиот премиер Имран Кан договорена е „заедничка единица за брзи интервенции за борба против тероризмот на граница“, но не откри детали.
Кан изјавил дека Пакистан „нема да дозволи ниедна екстремистичка група да делува од негова територија“.
Вооружените групи кои се активни и во пакистанскиот и во иранскиот дел на Балуџистан бараат независност од двете држави.
Comments are closed for this post.