Џакарта веќе нема да биде престолнина на Џакарта. Индонезиските власти ќе почнат со преместувањето на главниот град во 2021 година, соопштуваат РИА новости.

Изградбата ќе започне во 2021 година. Се надеваме дека процесот на префрлување ќе биде безболен, а новата престолнина ќе започне да функционира од 2024 година, изјави индонезискиот министер за планирање на развојот, Бамбанг Броџонегро.

Тој предложил новата престолнина да се наоѓа на островот Калимантан. Средствата за проектот ќе бидат обезбедени со буџетот за идната година, а изградбата може да ги чини индонезиските власти над 32,5 милијарди долари.

Индонезискиот претседател Џоко Видодо уште во април одлучи да ја премести престолнината, што се наоѓа на островот Јава. Порано беше соопштено дека префрлањето може да трае 10 години.