Неколку илјадници луѓе на Хаваи се итно евакуирани поради голем пожар на островот Мауи поради што беше прогласена и вонредна состојба.

Пожарот, кој изби во четвртокот, зафаќа околу 4.000 хектари некогашни полиња за шеќерна трска. Пожарникарите, кои користат и хеликоптери во напорите за гаснење на огнот, велат дека успеале да локализираат околу 20 отсто од пожарот.

Засега нема информации за евентуални жртви и причинета материјална штета.