Најчитаниот германски весник „Билд“, ја обвини владејачката Христијанско-демократска унија на канцеларката Ангела Меркел за „цензура“ по повод необјаснетото тресење кое од пред еден месец го има канцеларката.

„Билд“ на својот сајт навел дека се чувствува навредено затоа што партијата се однесува како Ангела Меркел никогаш да немала напад на неконтролирано тресење.

И додека германските и странските медиуми се распрашуваат за здравјето на канцеларката, „Билд“ пишува дека тоа е „табу тема“ за владејачката партија.

Меркел, своето чудно треперење го препишува на психосоматска реакција, дехидрација и жештини во Берлин.