Австрискиот канцелар, Себастијан Курц, денеска најави дека ќе го следи примерот на Франица и Австрија ќе воведе данок за дигиталните гиганти заеднички наречени ГАФА (Гугл, Ејпл, Фејсбук, Амазон и др.), пренесува Франс прес.

Истовремено, според агенцијата, ќе продолжат преговорите во рамките на ЕУ за воведувањето даноци во дигиталната економија. Меѓутоа, Франција ќе го воведе данокот од 1 јануари, без да ги чека одлуките на ЕУ, а Австрија ќе го стори истото.

Ќе биде само поправедно, гигантите од дигиталната сфера, што дејствуваат во Европа, да плаќаат доволно фер дел од даноците. Освен евентуалната норма на европско, ние ќе дејствуваме и на национално ниво. Ќе воведеме дигитален данок во Австрија, изјави Курц.

Според него, државите-членки на ЕУ „во принцип се согласни дека има потреба од таков данок“.

Целта е јасна, станува збор за фирми, кои имаат колосални онлајн приходи, за кои, во пракса, не плаќаат никаков данок, како на пример социјалната мрежа Фејсбук и компанијата за лектронска продажба Амазон, прецизираше Курц.

Канцеларот исполнувањето на задачата му ја доверил на својот министер за финансии, Хартвиг Лугер, кој во почетокот на јануари ќе претстави детали за новиот данок. По тоа, новиот данок ќе почне да се применува во пракса во рамките на фискалните реформи, што според австрискиот кабинет, треба да стапат во сила до 2020 година.