Властите соопштија дека од 1 јануари 2020 година, името Холандија официјално престанало да постои како ознака за државата, јавуваат РИА Новости и други медиуми.

Отсега институциите, локалните власти, универзитетите, приватните компании и медиумите треба да го користат името „Нидерланд“. Владата верува дека мерката ќе и овозможи на земјата да се ослободи од својот имиџ за дрога и проституција.

Властите исто така веруваат дека оваа одлука ќе го прераспредели туристичкиот проток, бидејќи денес повеќето туристи ја посетуваат историски старата Холандија – Амстердам и Хаг – и овие градови не можат да се справат со огромниот прилив на посетители.