Парламентарните избори во Холандија ја потресоа политичката сцена бидејќи победи антиисламскиот популист Герт Вилдерс. Во политиката е 25 години, а по победата изјави „дека го доживеал најсреќниот ден во животот и дека само една година претходно неговата победа ќе се нарече лудило“.

Тој порача дека „ќе се бори против мигрантското цунами“, но и дека ќе биде „премиер за сите“. Тој силно се противи на политиката на ЕУ, како и на нејзиното проширување.

Во Холандија секоја година влегуваат 220.000 бегалци, тоа не е малку, има доста либерални правила. Најголем дел од бегалците пристигнаа од Украина, што е општ случај во Европа. Овие полиберални левичари веруваат во овој мултикултурен контекст, додека овие десничари веруваат во единствен национален идентитет на Холандија, заснован на концептот на христијанска демократија.