Парламентарните избори во Холандија ја потресоа политичката сцена бидејќи победи антиисламскиот популист Герт Вилдерс. Во политиката е 25 години, а по победата изјави „дека го доживеал најсреќниот ден во животот и дека само една година претходно неговата победа ќе се нарече лудило“.
Тој порача дека „ќе се бори против мигрантското цунами“, но и дека ќе биде „премиер за сите“. Тој силно се противи на политиката на ЕУ, како и на нејзиното проширување.
Во Холандија секоја година влегуваат 220.000 бегалци, тоа не е малку, има доста либерални правила. Најголем дел од бегалците пристигнаа од Украина, што е општ случај во Европа. Овие полиберални левичари веруваат во овој мултикултурен контекст, додека овие десничари веруваат во единствен национален идентитет на Холандија, заснован на концептот на христијанска демократија.
Comments are closed for this post.