Во Холандија за прв пат по втората светска војна е прогласен полициски час со цел да се запре ширењето на коронавирусот во оваа држава. Холандската влада воведе карантин односно забрана за движење од 21 часот навечер до 5 часот утрината, што предизвика огромен гнев кај холанѓаните.
Веќе трет ден на улиците на повеќе холандски градови се одржуваат демонстрации на кои граѓаните протестираат поради воведените мерки. Она што можеби е и најголемо изненадување се судирите со полицијата и нивната жестина со која веќе три дена холандските власти се обидуваат да ги смират. Последниот биланс во судирите на полицијата и демомстрантите изнесува над 150 уапсени, повеќето млади лица меѓу кои и малолетници кои протестите ги скористија за изразување на гнев и насислтво.
Холанскиот премиер Марк Руте изјави дека протестите немаат врска со мерките на владата и карантинот туку дека овие лица на улиците прават кривично дело. Полицијата соопшти дека напишале речиси 6.000 казни за кршење на мерката за забрана на движење меѓу 21 часот и 4:30 часот.
На социјалните мрежи протекоа фотографии и видеа во коиј се прикажува и осудува бртуалноста на Холандската полиција во сузбивање на протестте Холанската полиција на овие три дневни протести ја демонстрирала својата бруталност и прекумерна употреба на сила.
Биле користени водени топови, кои не биле насочени масата туку кон поединци, кои би можеле да настрадаат во оваа полициска интервенција.
На една од снимките е прикажана и девојка чија глава крваври по ваквата интевенција на полицијата, што беше осудено од голем број на демонстрантите.
Од почетокот на пандемијата на Ковид до сега во Холандија се регистрирани над 1 милион случаи на Ковид -19 а починаа повеќе од 135 илјади луѓе. Токму овие алармантни бројки ја принудија холандската влада да преземе порадикални мерки и да воведе карантин во земјата.
Comments are closed for this post.