Тоа што францускиот претседател, Емануел Макрон, им го понуди на Жолтите елеци како концесија, не ги задоволи барањата на демонстрантите и на опозициските политичари, како Жан-Лук Меланшон, кој повика „граѓанската револуција“ да продолжи додека не се постигне фер распределба на богатството.

Веднаш откако Макрон објави „социјална и економска вонредна состојба“ како одговор на големите протести на припадниците на движењето на Жолтите елеци, ветувајќи повеќе концесии со цел да се исполнат нивните барања, левичарскиот опозициски политичар Меланшон повика протестите да продолжат и наредната сабота.

Макрон вети 100 евра покаќување на минималната плата, неодоначување на прекувремената работа и исплата на бонуси на крај на годината, за то Меланпон тврди дека нема да опфати „значителен дел“ од француската попуација.

-Очекуваме вистинска прераспределба на богатството“, изјави Беноа Хамон, поранешен претседателски канидат, обвинувајќи дека од мерките на Макрон корист ќе имаат богатите.

Иако некои од даночните мерки се прифатливи за Марин ле Пен, претседателката на Националниот фронт, таа го обвини моделот на владеење на претседателот дека е заснован на „дива глобализација, финансијализација на економијата и нефер конкуренција“ кој не успеал да одговори на социјланите и културните последици од движењето на Жолтите елеци.

Говорот на Макрон беше „гранде комедија“, рече Николас Дупонт-Ајњан.