Германската канцеларка Ангела Меркел и натаму е најмоќна жена на светот според листата која ја објави магазинот Форбс. Меркел е на чело на листата најмоќни дами иако наскоро ќе се повлече од лидерската позиција во нејзината ЦДУ. Во анализата на Форбс се наведува дека ја заслужува оваа  позиција бидејќи управува со земјата која ја има четвртата најмоќна светска економија односно е лидер на најмоќна држава на чие чело е жена.

На второто место е британската премиерка Тереза Меј за која како што се наведува дека и покрај жестокиот отпор и во нејзината партија усоева да ја задржи стаабилноста на владата и да ги приврши преговорите за Брегзит.

На трето место е извршната директорка на ММФ Кристин Лагард која се најде на оваа позиција поради успешната борба со должничката криза во еврозоната.

Британската кралица Елизабета Втора е на 23 место, а на 24 е ќерката на амриканскиот прретседател Иванка Трамп. Хрватската претседателка Колинда Грабар – Китаровиќ е на 47 место, а Федерика Могерини високата претставничка на европската унија за надворешна политика на 67.

На 93 место е српската премиерка Ана Брнабиќ.